ПССЕ бара истрага за труењето на Навални

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја повика Русија да спроведе истрага за труењето на главниот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

Во резолуцијата усвоена со 86 гласа „за” и 14 „против”, ПССЕ ја повика Русија да го ослободи Навални, да спроведе „независна истрага” без учество на Руската служба за безбедност (ФСБ) и да дозволи посети на претставници од Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW).

Навални беше жртва на сериозно труење во Сибир. Тој се лекуваше во Германија, каде што беа откриени траги од нервен агенс новичок од советската ера. Тој потоа беше уапсен на 17 јануари 2021 година, по неговото враќање во Москва. Русија никогаш не отвори истрага, тврдејќи дека нема индикации за труење.

Навални моментално издржува затворска казна од две и пол години поради прекршување на претходно изречената условна казна со престојот во Германија, каде што се опоравуваше од труењето за што го обвини Кремљ. Во Стразбур во тек е зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Резолуциите на тоа тело кое дава препораки или ги повикува владите на одговорност за човековите права не се обврзувачк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот