Психолозите открија дека оваа боја на постелнина не е добра за спиење

Фото: Unsplash

Многумина би биле изненадени колку некои од основните работи влијаат на нашиот сон.

Се случува да не можете да заспиете навечер, да се препотувате и да се вртите цела ноќ затоа што ви е непријатно… Се поставува вистинското прашање е: Дали вашата постелнина е направена од квалитетен материјал?

За да бидеме полни со енергија и подготвени за предизвиците кои ги носи секој нов ден, за да функционираме подобро и полесно, треба да се разбудиме одморени и наспиени. За добар одмор потребен е и добар сон. А за утро полно со енергија и оптимизам, важни предуслови се мирисот и допирот, но и бојата на постелнината.

Освен материјалот, битна ставка е и бојата на постелнината.

Белата постелнина може да се најде во секое домаќинство. Експертите одамна сметаат дека е важно со какви бои сме опкружени затоа што и тие потсвесно влијаат на нас. Покрај бојата на ѕидовите од собата, на квалитетот на сонот може да влијае и бојата на постелнината, а белата, сметаат тие, не е добар избор.

Дороти Чемберс тврди дека резултатите од истражувањето кои сугерираат дека неутралните бои се најдобриот избор за домот, не се однесуваат и на бојата на постелнината:

Кога зборуваме за постелнина, најдобри нијанси се жолтата, портокаловата, црвената и црната. Избегнувајте бела и светло сина постелнина – објаснува Дороти. Некои експерти веруваат дека овие бои можат да влијаат на нивото на мелатонин, хормон кој се лачи во текот на ноќта. Овие тонови можат да влијаат и на циклусот на спиење и будење.

– Пред да ја преуредите спалната соба, размислете не само за тоа како бојата ќе изгледа на ѕидот, туку и како таа ќе влијае на вас – додава Чемберс.

Слично мислење има и Александар Бургместер, невропсихолог.

– Иако ткаенината и квалитетот на постелнината се важни и бојата е важна за добар сон. Најдобро е да користите постелнина со потемна боја за подобро да се наспиете – смета Александер.

Бургместер смета дека сивата и темнозелената постелнина се одличен избор за подобрување на навиките за спиење. Тој објаснува дека светлите бои можат да го нарушат сонот бидејќи предизвикуваат напрегање на очите додека телото се опушта.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот