Психолози се обидуваат да објаснат: Што се случува во мозокот на луѓето 72 часа пред смртта?

unsplash
unsplash

Многу луѓе еден час пред смртта обично „гледат“ драги луѓе кои починале одамна, а она што го виделе не зависи од тоа дали добиле какви било лекови или не, покажува истражувањето спроведено од двајца психолози.

За девет недели ги изгубив и сестра ми и татко ми, па решив да се посветам на истражувањето на смртта. Сфатив дека луѓето претчувствуваат дека ќе умрат. Некои работи почнуваат да се случуваат во периодот од 72 часа пред смртта“, вели Патриша Пирсон, новинарка и автор на книгата „Opening Heaven’s Door: Investigating Stories of Life, Death, and What Comes After“.

unsplash

Своето истражување го заснова на разговор со луѓе чија професија е постојан контакт со пациенти кои страдаат од неизлечиви болести. Таа исто така разговарала со луѓе кои доживеале клиничка смрт и се вратиле во живот.

Патриша отрила дека 72 часа пред смртта, луѓето почнуваат да зборуваат за некои чудни работи – за патувања, бараат чевли, дека сакаат да си одат дома, а тие се веќе дома… Всушност, тие имаат визии за патувања, чувствуваат дека одат некаде.

„Мојата сестра боледуваше од рак на дојка и додека лежеше умирајќи, постојано повторуваше „Не знам како да заминам“, а поменуваше и некои „несреќни стјуардеси“, вели Патриша.

pixabay

Медицинската сестра Меги Каланан од Центарот за палијативна нега во САД, вели дека имала еден пациент кој умирал од рак на панкреас и пред смртта ја прашал „Дали мојата сопруга знае сè за пасошите и билетите?“

Оваа медицинска сестра вели дека била покрај стотици пациенти непосредно пред нивната смрт и дека нивните визии за патувања не можат да се препишат на некаква случајност. Луѓето пред смртта имаат чувство дека одат некаде.

unsplash

Многу луѓе еден час пред смртта како да знаат дека ќе ги видат најблиските кои починале одамна, а она што го виделе не зависи од тоа дали примиле некои лекови или не, покажува истражувањето на психолозите д-р Карлис Осис и д-р Ерлендур Харалдсон од Универзитетот во Исланд.

Меѓу тие луѓе била и 84-годишната пациентка Одри Скот која кажала дека нејзиниот посвоен син Френки, кој всушност починал пред неколку години, ѝ доаѓал на посета. Одри раскажала дека тој влегува во собата и седи тивко до неа во фотелјата, пишува „Atma“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот