Психолози објаснуваат: Дали гледањето порнофилмови може да предизвика несакани последици?

unsplash
unsplash

Луѓето продолжуваат да ги поставуваат истите прашања со децении: Дали гледањето порнофилмови е добро или лошо? Дали е неморално или ни дава чувство на моќ? Поставувањето на овие прашања неизбежно води кон интензивен судир на мислења.

 

Што е порно?

Дефинирањето на односот помеѓу порнографијата и нејзината публика е комплексно. Луѓето обично дефинираат дека нешто е порнографско кога се работи за видеа или фотографии што се „сексуално експлицитни“. Интернет порнографијата го направи овој жанр подостапен.

Поради оваа причина, повеќето експерти сметаат дека „интересот“ за порно е малку зголемен во текот на последните неколку децении. Сепак, истражувачите тешко доаѓаат до сигурни податоци од многу причини. Многу луѓе лажат за нивното „пребарување“ низ порнографските сајтови, нивните желби, полови преференци, сексуални и морални норми.

Како и да е, постои истражување кое тврди дека гледањето порно може да доведе до некои не толку пожелни индивидуални и социјални резултати како на краток така и на долг рок.

Некои луѓе можат повремено да гледаат порно и да не страдаат од значителни несакани ефекти, но сепак, многу луѓе, вклучително и тинејџерите во раните фази сфаќаат дека компулсивното консумација подоцна може да биде вон синхронизација со нивната реална сексуалност.

 Во првото истражување на мозокот на корисници на порно сајтови, спроведено на Институтот за човечки развој Макс Планк во Берлин, истражувачите откриле дека часовите и годините на употреба на порно се поврзани со намалена „сива материја“ во делови на мозокот што значи помалку домапин и помалку допамин рецептори.

 

Студија предводена од истражувачи од Универзитетот Кембриџ откри дека мажите кои демонститраат компулсивно сексуално однесување бараат повеќе сексуални слики отколку нивните врсници затоа што навикнуваат на она што го гледаат побрзо отколку што го прават нивните врсници.

Друга студија од Кембриџ откри дека оние кои имаат посилно сексуално однесување покажуваат зависност во однесувањето што е споредливо со зависноста од дрога во лимбниот дел од мозокот по гледање порно.

Многу млади мажи особено зборуваат за тоа како порнографијата им дала „изопачено“ или нереално гледиште на тоа што се претставува за секс и интимност и дека подоцна им било тешко да се интересираат и возбудат од партнер во реалниот живот.

Навистина, за многумина од нив, сексуалната средба во реалниот живот може да биде непознато и вознемирувачко искусво. Ова е затоа што се потребни комуникациски вештини, потребно е да се ангажира целото нивно тело и тие мора да комуницираат со друго „тридемензионален спој на крв и месо“ кој има свои сексуални и романтични потреби.

 

Иако ефектите што ги има порно мрежата врз мозокот и однесувањето не се целосно утврдени, никогаш порано во човечката историја младите мажи не го доживеале феноменот познат како еректилна дисфункција предизвикан од порно.

Во интервјуа на голем број млади момчиња во врска со нивните прашања и недоумици во врска со порнографијата и прекумерната уптореба, заедничко меѓу нив било дека сакале повеќе психолози да ја потврдат зависноста од порно од сите аспекти.

 

Тие исто така зборувале за тоа како се погодени другите области од нивниот живот, како што се концентрацијата и емоционалната благосостојба како последица од прекумерно гледање порно. Многу од испитаниците признале дека забележале позитивни промени во нивните лични животи и погледи откако престанале да мастурбираат „на екран“. Вклучително и зголемување на самодовербата, гледањето во очи и удобноста во интеракција со жени. Изјавиле дека чувствуваат поголема енергија, концентрацијата станува полесна, посилна ерекција и сексуалната реакција.

Без оглед на тоа како некој може да се чувствува во врска со порнографијата, сè повеќе студии покажуваат дека корисниците на порно страдаат од несакани ефекти.

Затоа е многу важно да се зборува за овие прашања, зашто многу млади луѓе кои можеби сѐ уште се спознаваат себе наидуваат и се „запознаваат“ со светот на порнографијата несвесни за последиците кои подоцна можат да им го „уништат“ животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот