Психолошки тест: Колку е стабилна вашата врска и дали ќе опстане?

Комуникација, гестови на наклонетост, способност за постигнување договори… Скалата за диадичка адаптација (ДАС) од Греам Б. Спаниер овозможува да се оценат овие и други аспекти со цел да се открие степенот на кохезија во врската на еден пар. 

Скалата на диадичка адаптација (ДАС) е најупотребуваната психолошка алатка за проценка на квалитетот на врската во пар, можноста на прилагодување на партнерите, нивното взаемно задоволство, посветеност итн. Благодарение на оваа скала можеме да добиеме валидни и веродостојни информации за емотивната врска меѓу две лица.

Адаптацијата, во случајов, значи, да се имаат исти вредности, да се знае како да се постигнат договори, да се знае како заедно да се справат со тешки ситуации, да се ужива заедно, да има меѓусебно почитување, реципроцитет … Оваа тема отсекогаш предизвикувала голем интерес и во психолошката и во социолошката сфера.

Скалата има цел да го процени степенот на хармонија и целокупната адаптација меѓу двата партнери. Самиот професор Спаниел, креатор на овој прашалник, во тоа време истакна дека намерата на тестот е следна: Измерете ја диадичката адаптација на врската заснована врз аспекти како што се можни разлики меѓу партнерите, тензии, присуство на вознемиреност во врската и нејзиниот интензитет, степенот на задоволство, кохезија и леснотија или тешкотии во постигнување договори .

Еден од аспектите на оваа скала што денешните професионалци многу го ценат е нејзината неутралност. Тоа значи дека може да се примени на билокој профил (хетеросексуалец, хомосексуалец, брачна двојка или не, итн.). Без оглед на тоа што поминаа повеќе од 40 години откако Греам Спаниел ја воведе Скалата во употреба , таа и денес е многу корисна, практична и фасцинантна.

Скалата на Спаниел се состои од 32 праѓања/одговори утврдени врз основа на четири под-скали. Тие се:

Согласност: капацитет, ресурси и вештини за постигнување договори. Преку прашалникот е можно да се дознае до кој степен парот достигнува рамнотежа во секојдневниот живот.
Задоволство. Овој аспект е фундаментален во секоја емоционална врска; тоа укажува на нивото на благосостојба, среќа, посветеност.
Кохезија. Овој термин се однесува на степенот на вклученост на едниот член од парот кон другиот. Го открива интересот, благодарноста, споделувањето, можноста да се пронајдат решенија за проблемите…
Афективно изразување. Оваа под-скала претставува неопходен елемент во проценката на адаптацијата на двојката. Всушност, тоа се однесува на секојдневните гестови кои се покажуваат, како и љубовта која се споделува. Покрај тоа, оваа под-скала е поврзана со сексуалниот живот и задоволството што доаѓа со него.

Кои аспекти ги оценува скалата на Спаниер?

Како што истакнавме, Скалата на диадичка адаптација е составена од 32 прашања. Одговорите нудат четири опции – тотално согласување, согласување, несогласување и тотално несогласување.

На прашалникот сами одговарате, а може и во двојка заедно со партнерот. Потоа, можете да ги споредите податоците на двајцата партнери за да разберете кои се силните страни на секој од нив, а на кои проблеми и во кои области партнерите треба да работат.

1. Управување со семејни финансии
2. Забава
3. Верски прашања
4. Афективни манифестации
5. Пријателство
6. Сексуален однос
7. Конвенционализам
8. Филозофија на животот
9. Релации со законите
10. Цели и вредности
11. Време поминато заедно
12. Донесувајте важни одлуки
13. Домашна работа
14. Интереси и активности спроведени за време на слободното време
15. Одлуки за работа
16. Колку често размислувате за развод или разделување?
17. Заминувате ли од дома после кавга, ако – да, колку често?
18. Колку често помислувате дека работите се одвиваат добро за парот?
19. Дали му верувате на вашиот партнер?
20. Дали ви пречи да бидете со партнерот?
21. Колку често имате дискусии?
22. Колку често избувнувате?
24. Дали споделувате активности надвор од врската?
25. Дали разменувате инспиративни идеи?
26. Дали се смеете заедно?
27. Дали генерално мирно разговарате?

28. Дали работите заедно на некои проекти?
29. Дали сте често преуморни за секс?
30. Постои ли отсуство на манифестација на љубов?
31. Оценете го степенот на задоволство од вашата врска
32. Како ја гледате иднината со вашиот партнер?

Студиите, како што е истражувањето спроведено од д-р Мајкл Кери од Универзитетот во Бостон, во САД, покажуваат дека, всушност, скалата што ја развил Спаниер во 1976 година сè уште останува валидна и сигурна. Неговите четири скалила и понатаму се внатрешно конзистентни, а преку одговорите безбедуваме многу важни информации. И тоа, не само што е можно да се разбере степенот на адаптација на двојката, туку преку оваа скала може да се процени дали врската ќе се одржи или не во иднина.

Пробајте, проверете и дознајте ги сите ваши заеднички позитивни страни во врската и работите на кои ќе мора сериозно да поработите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот