Психолог открива дека машко – женско пријателство не постои

Unsplash
Unsplash

Антонија Абеј од Државниот универзитет во Вејн, социјален психолог специјализиран за врски, даде свое мислење по истражувањето.

Во едно американско истражување, мажите и жените биле замолени да дадат проценка за тоа колку им се допаѓа спротивниот пол по краток разговор. На крајот, се покажало дека во повеќето случаи, мажите процениле колку ги привлекуваат жените, додека жените го потцениле своето влијание врз мажите.

Луѓето кои се оценуваат себеси како многу пожелни, исто така, имаат поголема веројатност да го преценат сексуалниот интерес на другите за себе. Можеби нивната самодоверба или верба во сопствениот изглед ги наведува практично да ризикуваат и да мислат дека се попривлечни отколку што навистина се, па затоа постои ситуација да се одбиваат почесто од другите.

„Штом очекуваме нешто, имаме тенденција да го видиме тоа“, објаснува Антониа Абеј од државниот универзитет Вејн, социјален психолог специјализиран за врски.

„Ако мислите дека некој ве привлекува сексуално, повеќе сте насочени кон тоа. Кога некое лице се наведнува кон вас или се смее, или нешто слично – вие тоа го толкувате како охрабрувачки знак. Можеби нема да забележат кога другата личност се повлекува“, додава таа.

Во следната фаза на горенаведениот експеримент, истражувачите побарале од други луѓе да го следат разговорот, по што требало да проценат колку секоја страна е привлечена од другата. Машки набљудувачи се согласиле со машката двојка – тие сметале дека тој е повеќе заинтересиран за жената отколку што таа подоцна признала. Истото се случило и кај дамите, поточно женските набудувачки сметале дека мажите помалку ги привлекуваат жените отколку што навистина било така.

„Контекстот е навистина важен во интеракција. Мажите можеби бараат знаци на привлечност повеќе од жените, бидејќи нивната традиционална полова улога диктира тие да ја преземаат иницијативата. Тоа звучи старомодно во 2019 година, но имаше многу состаноци за студии денес и навистина имаше многу традиционални ставови за тоа кој повикува на состанок, кој плаќа пијалаци и слично… Жените сè уште се воздржуваат, а мажите го чувствуваат товарот да го преземат водството“, нагласува Абеј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот