Психички растроен притвореник нападнал полицаец во затворот Шутка

Фото: илустрација /Арбнора Мемети

Притворено лице под психичко растројство денеска удрило со даска од вецето по лице полицаец од затворот во Шутка. Инцидентот за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврди и директорот Ѓоко Котевски, за кого е чудно што по преглед во психијатриска установа, напаѓачот место да биде задржан во соодветна институција, го вратиле повторно назад во истражниот затвор во Шутка.

„Точно е дека денеска полицаец вработен во затворот ‘Скопје’ во беше нападнат од притворено лице, кое ни е познато, бидејќи неколку пати бил тука во притвор. Веднаш е повикана полиција од МВР, направен е записник за настанот, известен е судијата од Основниот суд Гостивар што му ја одредил на тоа лице од Маврово-Ростуше мерката притвор и го пратил тука место во психијатриска установа, викната е Трудовата инспекција. Колегата е прегледан од лекар, кој констатирал гребаници на неговото лице од ударот. Напаѓачот е прегледан во психијатриска установа надвор од затворот, бидејќи немаме наш психијатар веќе месец и пол. Но, место да биде сместен во соодветна институција, повторно е вратен во затворот ‘Скопје’ “, вели Котевски.

На прашање зошто напаѓачот не бил прегледан во затворот во Шутка и не му била дадена соодветна терапија за да не напаѓа луѓе, Котевски кажа дека откако пред месец и пол се пензионира последниот, овој затвор нема психијатар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот