Псаки: Треба истрага за обвинувањата против Куомо за сексуално вознемирување

epa09036231 White House Press Secretary Jen Psaki holds a press briefing at the White House in Washington, DC, USA, 25 February 2021. EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Администрацијата на Џо Бајден смета дека треба да се спроведе независна истрага за наводите за сексуално вознемирување против гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Две поранешни соработнички на Куомо, Шарлот Бенет и Линзи Бојлан, претходно рекоа дека биле сексуално малтретирани од гувернерот. Самиот Куомо категорично го негира тоа, пренесува Си Ен Ен.

– Потребна е независна истрага за овие наводи, рече Псаки. Таа појасни дека американскиот претседател Џо Бајден ја поддржува ваквата истрага, која треба да се спроведе „што е можно побрзо”.

Шарлот Бенет вчера го обвини Куомо за сексуално вознемирување. Според Бенет, Куомо упорно ја прашувал за нејзиниот личен живот, како и што мисли за врски со постари мажи. Тој, наводно, рекол дека смета дека е прифатливо да има односи со жени на нејзина возраст.

Во декември, друга поранешна подредена во Куомо, Линзи Бојлан, изнесе слични обвинувања. Според нејзината верзија, однесувањето на нејзиниот шеф ја принудило да замине. Бојлан служеше со гувернерот од 2015 до 2018 година. Куомо негира дека се однесувал несоодветно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот