15 C
Скопје

Псаки: Администрацијата на Бајден засилено спроведува активности за спречување на оруженото насилство

Претседателот Џо Бајден, денеска ќе даде изјава по повод најновиот вооружен напад во САД доцна синоќа кога во објект на курирската служба „Федекс” во Индијанаполис, сојузна држава Индијана, беа убиени осум лица.

-Претседателот, неговиот шеф на кабинетот и советникот за домашна безбедност се во дослух со локалните лидери и полицијата. Тој денеска ќе даде изјава по повод засилениот бран оружено насилство во САД, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.

На редовниот прес брифинг денеска, таа укажа во целата своја кариера „претседателот е одлучен борец против оруженото насилството, и неговата одлучност да реагира е удвоена со безумните убиства како ова денеска, со епидемијата на вакво насилство во земјата.”

Според Псаки, администрацијата спроведува низа активности укажани од Бајден минатата недела за да се одговори на оруженото насилство како запирање на продажба на материјали за домашна изработка на пиштоли, да се направи полесно државите да ги означат и да алармираат за потенцијалните напаѓачи, и други иницијативи кои треба да дојдат од Сенатот.

Едната е гласање на законот за универзална и засилена проверка на биографијата на купувачите на оружје, да се изгласа забрана за продажба на офанзивно оружје и на муниција со голем капацитет, и укинување на имунитетот за произведувачите на оружје.

Таа изјави дека Конгресот треба да изгласа и приоритети во планот за нови работни места, во кој се предвидени пет милијарди долари за програмата за запирање на насилството во заедниците.

-Претседателот верува дека оружените напади се криза на јавното здравство, епидемија која ги уништува заедниците низ САД. Тој работи на ова прашање со децении и самиот подоцна ќе каже дека не смееме да се откажеме бидејќи е тешко или политиките се тешки, укажа Псаки.

Таа уште еднаш посочи дека американскиот Конгрес е на потег, но и државите каде треба да се прошири универзална проверка на биографијата на купувачите на оружје.

Во масовна пукотница во Индијанаполис, Индијана во просториите на курирската служба Федекс во близина на меѓународниот аеродром, беа убиени осум лица, а напаѓачот се самоуби. Ова е едно од низата масовни оружени напади што во САД се случија само во рок од неколку недели при што загинаа над дваесеттина лица.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар