Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер” на Попова Шапка

Од утре првпат за оваа сезона ја пуштаме со работа новата шестоседна жичница „Лајтнер” во Ски-центарот „Попова Шапка”, а користењето на шестоседот на првиот ден на пуштањето е бесплатно за панорамски разглед за посетителите на Попова Шапка, информираат од „ЕЛЕМ Турс”, кој стопанисува со зимскиот центар.

– Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1.510 метри, со максимален капацитет за транспорт од 2.400 скијачи на час. Шестоседната жичница е позиционирана на локацијата од Мал Јелак до врвот на ски-лифтот Ајдучка Рамнина (поранешно Ге). По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над три километри, велат од „ЕЛЕМ Турс”.

Останатите денови, додаваат, шестоседната жичница ќе работи редовно, како и останатите ски-лифтови и жичници  од 9 до 15:30 часот. Цената за едно возење на шестоседната жичница од сабота е 150 денари. За сите билети во Ски-центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари.

– Новата жичница со постојните ски-лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе понуди уште поатрактивни скијачки патеки. Со тоа, Ски-центарот „Попова Шапка” и оваа сезона е вистинскиот избор за скијање и сноубординг и за сите кои уживаат во зимските спортови, порачуваат од ЕЛЕМ Турс и додаваат дека утре на пуштањето во работа на шестоседната жичница ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши и управителот на „ЕЛЕМ Турс”, Адем Авзиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот