ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Доделени дан-рангови во Окинава-карате стил уечи-рју

уечи-рју
Фото Е.Д.

Денешниот датум (13 април 2019) во македонскиот спорт ќе остане запаметен како историски – за првпат во Македонија се полагаше за дан-рангови во карате-стилот уечи-рју.

За време на редовниот семинар во Окинава-карате кој го одржува Милан Димитриески (7. дан) од Белград, со дан-рангови се стекнаа шестмина кандидати од велешкиот карате-клуб „Окинава“.

Со четврти дан во овој стил се стекна инструкторот на велешкиот клуб, Боре Видевски.

Еден кандидат, Левко Левков, положи за втор дан во овој карате-стил, додека имињата на Ана Марија Фаркаш, Анастасија Видевска, Дарко Димов и Јован Трајковски ќе останат запаметени како првите кандидати кои во својата матична држава се стекнале со црн појас, прв дан, во стилот уечи-рју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот