Првпат од почетокот на пандемијата: Меркел се појави во јавност со маска (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

По првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел јавно се појави со заштитна маска на лицето.

Пред средбата на Бундесратот, таа е фотографирана со црна маска со логото на германското претседателство со ЕУ.

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Претходно, новинарите ја прозваа поради тоа што не носи заштитна маска во јавност. Меркел тогаш рече дека кога има можност да одржува физичка дистанца, тогаш не носи маска, но кога, да речеме, пазарува во супермаркет, тогаш е со маска на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот