Првпат ниту еден новозаразен од Ковид-19 во Косово

Во Косово моментно официјално како активни случаи на заболени од Ковид-19 се водат 214 лица.

Во Косово вчера не е регистриран ниту еден нов случај на заразен од новиот коронавирус по извршените 138 тестирања, додека истиот ден се потврдени четири случаи на лица кои ја пребродиле болеста и ниту еден починат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), објавено синоќа, ова е првпат во едно деноноќие да нема ниту еден официјално потврден случај на заболен од Ковид-19, откако на 13 март беа откриени првите две лица носители на новиот коронавирус.

Согласно последните податоци, бројот на лица кои имале позитивни резултати на тестирањата од почетокот на пандемијата останува 1.032, додека вклучително вчерашните четири, според методите на Светската здравствена организација, бројот на излекувани достигна 789. Починати од новиот коронавирус се 29 лица, од кои последниот случај беше на 12 мај.

Во Косово моментно официјално како активни случаи на заболени од Ковид-19 се водат 214 лица.

Во лабораторијата за микробилогоија на ИШПК досега се извршени вкупно 13.262 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се носители на новиот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот