Првото животно во Велика Британија позитивно на коронавирусот: Мачката ја добила заразата од своите сопственици

Фотографија: Profimedia

Една мачка станала првото животно во Велика Британија кое е позитивно на коронавирусот.

Се што се знае за оваа мачка е дека живее во Англија и дека е тестирана во лабораторијата во Вејбриџ на 22 јули. Се верува дека мачката ја добила заразата од своите сопственици, кои претходно биле тестирани позитивни, но и членовите на фамилијата, како и животното закрепнале целосно.

Како што се додава, не постојат докази дека мачката е таа која го пренела вирусот на своите сопственици, или дека било кое домашно животно е способно за тоа.

Кристин Мидлмис, ветеринарски службеник, објаснила дека тоа е многу редок случај, како и дека животните досега се тестирани со многу блага клиничка слика и дека закрепнале за неколку дена.

Директорката на центарот за јавно здравје во Англија Ивон Дојл вели дека ова откритие не претставува алармантна ситуација.

– Во линијата на препораките во борба против коронавирусот, би требало да ги миете рацете редовно, вклучувајќи и пред и после контакт со животни, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот