16.8 C
Скопје

ПРВО ПА ЖЕНСКО #7

Јана Коцевска, Кристина Леловац, Јана Старделова и Моника Јамандиловска – четирите моќни тииитовки кои годинава слават 7 години ширење феминизам: женски права, женска интелектуална и креативна продукција, активно учествуваат во промоцијата и развојот на независната културна сцена и граѓанскиот активизам во Македонија и регионот.

ППЖ7 со мотото „Ова тело кое не е едно” започнува денеска во МКЦ и ќе трае до 12 мај, а богатата културна програма е достапна на www.tiiiitinc.com.

„Телото отсекогаш било место на контрола, отпор, дисциплина и непослушност, и меѓу другото простор каде се вежбале и истражувале родовите улоги. Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на Прво па женско.

Позајмувајќи ги зборовите на Лус Иригаре го поставивме Ова тело кое не е едно за основа и поттик на она во коешто веруваме, во идејата за отфрлање на концептот за еднаквост во онаа смисла во која тоа подразбира статусни натпревари и манипулации и бескомпромисно преземање на атрибути на успешниот со цел изедначување со Другиот.

Иригаре нѐ потсетува дека сите сме различни во родовиот аспект и дека онаа еднаквост која постојано ја застапуваме би требало, всушност, да биде заедничкото здружување без хиерархија. Подруготнувањето (Е. Шелева) во ниту еден случај не подразбира подеднаквување, туку суштинско разбирање на различностите кои првенствено ги препознаваме во нас, однатре она наше тело кое не е едно.

Иригаре ни укажува на тоа дека женската сексуалност и тело биле отсекогаш општествено и културно обликувани врз основа на параметрите на машкиот род, во една бесмислена споредбена релација на образец и копија. Затоа, се обидуваме да се спротивставиме на таквото восприемање на телото и воочуваме дека телата за кои зборуваме и мислиме се секогаш во множина и се создаваат под влијание на различни, често неповторливи искуства.

Програмата на Прво па женско оваа година ќе опфати повеќе аспекти од третманот, сликата, идентификувањето и восприемањето на телата, без разлика дали тоа подразбира релација во која е воспоставена институционалната моќ, влијанието од акутните социо-културни динамики или, пак, индивидуалното доживување на себеси. Ќе имаме можност да дознаеме и да размислуваме за старото/младото, грдото/убавото тело во македонската народна култура. Ќе зборуваме за женското здравје, за задоволството, но и за болката и неприпаѓањето. Ќе зборуваме за тоа каква е сликата за телото во кибер просторот, обременета со сите стереотипи и стигми и како тоа влијае врз јавното мислење.

И за крај, дали по логиката на Иригаре за écriture féminine, ќе создадеме сопствено гето (Е. Баковска) или ќе целиме кон поседување на сопствена соба (В. Вулф), е прашање кое ќе го оставиме да лебди и наместо да се обидеме да го одговориме ќе се стремиме кон тоа да отвориме простор каде ќе ги промовираме неконвенционалните, различни тела кои му пркосат на патријархатот. Ова Прво па женско, низ контрадикторно и конфронтирачко соединување ќе се обиде да создаде едно колективно тело од мноштво различности.“

Јана Коцевска

Учесници на ППЖ 7: 2019 – Ивана Драгшиќ – Румена Бужаровска – Ана Василева – Ивана Коцевска – Galatheia – * – Марија Башевска – Венко Филипче – Елизабета Божиноска – Љатифа Шиковска – Марија Ангеловска – Cinedays Festival of European Film – Музеј на современа уметност – Скопје – Еми Ермилова – Калиа Димитрова – Ена Бендевска – Илина Јакимовска – Наташа Живковиќ – Лана Здравковиќ – Мави Феникс – DONPLAYA – BON PRASKIZA – PRINCE$$ DONATSU – Марика Смит – Сара Хелд – Симона Семенич – Верица Недеска – Билјана Радиноска – Налиса Грин – Post Lovers – ЅРЕТИ – Театар Сенки и облаци – Борис Геј – Јана Јакимовска – Ањес Варда

„Инаку, Тиииит! Инк. е формирана како неформална група во јануари, 2011 година како резултат на желбата за активно дејствување во сферата на женските права, темелено на индивидуалното искуство на основачките во невладинoт сектор, културата, уметноста и медиумите. Со цел продлабочување на својата дејност и осигурување оддржливост на постигнатите резултати, од јануари, 2015 Тиииит! Инк. е формално регистрирана како непрофитна организација за промоција на женската активност. Основните сфери на интерес и дејствување на организацијата се женските права, женската интелектуална и креативна продукција, активното учество во промоцијата и развојот на независната културна сцена и граѓанскиот активизам во Македонија и регионот. Тиииит! Инк. ги реализира и унапредува своите активности во овие сфери преку поттикнување и афирмирање на различноста, истражувањата, неформалното обрзование и промоција преку креативна размена и соработка на актерите од овие области на дејствување.“

Поврзани вести

Заев: Еден за сите, сите за еден – затоа што заедно сме посилни

Слободен печат

СДСМ: Повисока дневница и слободен ден за тие кои ќе работат во недела

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: До вакцина може да се дојде само со врски

Слободен печат

Укинување на полицискиот час од среда предлага Комисијата за заразни болести

МИА Агенција

ВИДЕО | Андоновиќ: Нетанјаху заминува во историја, Хамас со закани кон новата влада

Марина Дамческа

Речиси 34 милиони луѓе веќе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција

МИА Агенција

Остави Коментар