Прво олимписко злато за фудбалерките на Канада

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Денеска на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Токио репрезентацијата на Канада во големото финале по изведувањето на пеналите дојде до златото со победата над Шведска.

По првите 90 минути имаше по еден гол на двете страни, по првиот дел водеа Швеѓанките со погодокот на Блактениус во 34 минута.

Канаѓанките израмнија во 67 минута со погодокот на Флеминг која беше прецизна од белата точка. Мируваа мрежите во двете продолженија од по 15 минути, а победникот се дозна после пенал-серијата.

Таму повеќе нереализирани пенали имаше од двете страни, а помалку голови, севкупно на крајот посреќни беа Канаѓанките славејќи со 3:2 и за првпат во нивната историја се закитија со златниот медал.

Претходно во Рио и Лондон беа третопласирани, а во 2008 година во Пекинг дури на осмата позиција. Шведска повторно мора да се задоволи со среброто, второпласирана беше и на Игрите во Рио де Жанеиро.

Андоновски со фудбалерките на САД го освои бронзениот медал

– ОДБОЈКА: Бразил убедлив во полуфиналето против Јужна Кореја

На женскиот одбојкарски турнир во Токио репрезентацијата на Бразил се пласираше во финалето на Олимпијадата откако убедливо со 3:0 во сетови славеше против Јужна Кореја (25:16, 25:16, 25:16).

Противник на Бразилките во битката за златниот медал ќе биде селекцијата на САД која претходно исто така славеше со 3:0 против Србија.

Бразилките имаат шанса да дојдат до третото злато во својата историја, а Јужна Кореја за првпат од 1976 година се наоѓа во борба за медалите. Токму во Монтреал се закити со бронза.

Скандал во Токио, најдобрата бразилска одбојкарка падна на допинг тест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот