Прво Куп финале за Блокотехна

фото: МКФ

Екипата на Блокотехна е првиот финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија откако во полуфиналната пресметка го совлада Гостивар во 92:87.  Кошаркарите на Блокотехна до победата дојдоа благодарение на пресвртот во второто полувреме, се вратија од двоцифрена негатива (36:23, 54:44 на полувреме) и со посигурна игра во финишот успеа да дојде до триумфот.

– Им честитам на моите играчи и навистина не знам од каде им е силата што ја најдоа по пеколниот период кој е зад нас. Ќе ни биде тешко во финалето, но ние и во други слични ситуации сме правеле подвизи така да излишно е да кажуваме дали и колку сме изморени. Морам да го истакнам Војче Левкоски, кој беше нашиот херој вечерва. По два месеци пауза, само со еден тренинг дојде да ни помогне и донесе неверојатна енергија –  изјави тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски.

Брендон Пен со 30 поени беше прв играч на Блокотехна, Думиќ даде 17 поени а двоцифрен учинок уште имаа и Лефковски со 12  и Младеновиќ  со 11 поени.
Ефиани со 20 поени беше најдобар поединец во редовите на Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот