Прво куче заразено со коронавирус: Ги лижело чиниите на сопствениците, па заболело од Ковид-19

Фото: Профимедиа

Мопсот Винстон е првото куче во САД кое заболело од коронавирусот. Мопсот од Северна Каролина најверојатно го добило вирусот од своите сопственици, кои се позитивни на оваа болест.

Винстон, според зборовите на сопствениците, ги лижел нивните чинии и спиел со нив во кревет, па се сомневаат дека така и се заразил. Коронавирусот бил откриен кај Винстон на 1 април.

За среќа тој, како и сопствениците Семјуел и Хелен и нивниот син Бен, иако заболени, немаат сериозни симптоми на болеста.

Постарата ќерка и нејзиното куче и мачка исто така се тестирани, но не се заразени, додека фамилијата во куќата чува и гуштери како миленичиња, кои не ги тестирале.

Хелен рекла дека кучето покажувало благи симптоми, но дека расата е таква и дека и обично „тешко дише“, па не придавала големо значење на тоа.

– Тие инаку кашлаат и киваат на чуден начин. Меѓутоа, едно утро не сакаше да јаде, што на нас ни беше многу необично, рекла Хелен.

Тие потоа дознале дека и кучето заболело.

Бен вели дека не престанал да го гали кучето, иако знаел дека заболел од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот