Прво интервју на Земан откако е хоспитализиран: “Се чувствувам добро, не е проблем опозиционер да биде премиер”

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Новиот лекарски конзилиум на чешкиот претседател Милош Земан денеска соопшти дека е подобро по речиси еден месец лекување на интензивна нега, но оти нема да може да ја извршува функцијата барем уште неколку недели и оти треба да остане во болница.

– Состојбата на претседателот сè уште бара болничко лекување и во моментов не му дозволува да се посвети на работните обврски. Природата и манифестациите на основната болест се многу сериозни, прецизирањето на прогнозата ќе зависи од развојот на болеста која тешко се лекува, изјави член на конзилиумот, ректорот на Карлов универзитетот Томаш Зима.

Централната воена болница во Прага, каде што се лекува Земан, свика надворешен лекарски конзилиум за да состави извештај за Парламентот за тоа дали Земан е способен да ја извршува својата функција и да се вклучи во процесот на формирање нова влада по изборите одржани на 8 и 9 октомври или парламентот ќе мора привремено да му ги одземе овластувањата и да ги пренесе на премиерот и претседателите на двата дома на Парламентот.

Томаш Зима за чешкиот весник „Дењик Н” изјави дека прогнозата е неизвесна, но како што советот констатирал и го одобрил досегашното лекување, Земан мора да остане во болница со недели и сигурно не може во целост да ги исполни своите обврски.

– Кај таа болест многу е тешко да се утврди прогнозата. Тоа не е ангина, па можам да ви кажам дека за недела-две пациентот ќе биде сосема добро, изјави Зима.

Советот не ја соопшти дијагнозата, бидејќи Земан не дозволил како пациент.

Чешкиот претседател денеска првпат по два месеца и се обрати на јавноста во телефонско интервју за Радио Фреквенце 1, тврдејќи дека се чувствува нормално, дека е подготвен да ги извршува претседателските должности и дека е во болница само поради слаб апетит и лошо варење.

По денешниот извештај на лекарскиот конзилиум, претседателот на Сенатот на чешкиот парламент, Милош Вистрчил изјави дека доколку Земан може да изврши некои од најважните должности, да ја прифати оставката на владата во заминување и да назначи нова, тогаш има нема потреба од активирање на членот 66 од Уставот.

– Тој е способен да исполни некои обврски, значи најважните. Според мое лично мислење, не треба да подготвуваме активирање на членот 66 од Уставот. Би било добро да почекаме и да веруваме дека неговото здравје ќе продолжи да се подобрува, изјави Вистрчил.

Во првото интервју откако бил хоспитализиран пред речиси еден месец, Земан вели дека не гледа никаков проблем да го именува лидерот на опозицијата Петр Фиала за нов премиер, пренесува “Reuters”.

Земан денеска телефонски разговараше и со чешкиот премиер во заминување Андреј Бабиш, а потоа во интервју за Радио Фреквенца 1 рече дека за новиот премиер ќе ја назначи лидерката на коалицијата на конзервативците, демохристијаните и либералите, Заедно, Петра Фијала.

Коалицијата Заедно, која победи на изборите во октомври, со коалицијата на Пиратската партија и независните градоначалници, има мнозинство од 108 од 200 пратеници во долниот дом на парламентот и веќе ја подготви владината програма и нејзиниот состав.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот