Прво грен слем полуфинале за Зверев, Халеп меѓу четирите најдобри за помалку од еден час

twitter/#AusOpen

Седмиот носител го совлада Вавринка во четири сета и за прв пат обезбеди пласман во полуфиналето на еден од четирите најпрестижни турнири.

Александер Зверев е третиот полуфиналист на Австралија Опен откако за нешто повеќе од два часа со 1:6,6:3,6:4,6:2 го победи Станислас Вавринка.

Седмиот носител ќе биде најмладиот полуфиналист на Австралија Опен бидејќи пред него пласман меѓу четирите најдобри обезбедија Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а негов противник во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот Рафаел Надал – Доминик Тим кој моментно се игра.
Зверев лошо го започна дуелот и му дозволи на Вавринка да направи два брејка и да поведе со 0:5 со што практично беше решен првиот сет.

Иако многумина на трибините помислија дека Зверев ќе падне во играта, се случи сосема спротивното, во вториот гем од вториот сет направи брејк и водството го задржа се до крајот за триумф од 6:4 и израмнување на 1:1 во сетови.

Во третиот и четвртиот сет, седмиот носител покажа дека со право се смета за легитимен наследник на големата тениска тројка и во одлична игра успеа да биде подобар од трикратниот грен слем шампион со 6:4,6:2 за прво грен слем полуфинале во кариерата.


Кај дамите во полуфиналето ќе играат Симона Халеп и Гарбине Мугуруза. На Халеп за пласман во полуфиналето и беа потребни помалку од еден час за да ја совлада Анет Конвеит од Естонија. Романката за само 53 минути со 6:1,6:1 ја декласира противничката и по втор пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Австралија Опен.


Гарбине Мугуруза за 93 минути со 7:5,6:3 ја елиминира Анастасија Пављученкова и дојде до најдобриот резултат во Мелбурн.
Во второто полуфинале ќе играат првата тенисеркана ВТА ранг листата Ешли Барти и Софија Кенин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот