Прво бебе родено во 2022 во Тетово е женско

Тетовска болница. / Фото: МИА

Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година. Тоа е прво дете на родилката.

-Во 00.01 часот Мевљуде Идризи родена 1997 година со спонтано природно породување го роди првото свое дете, девојче со тежина од 3480 грама и 50 сантиметри. Породувањето го изврши дежурната докторка Мерал Ферати, изјави д-р Мерал Реџепи која беше дежурна лекарка во одделот од 8 часот утринава.

Дежурна екипа во гинеколошкото одделение до утрината имала уште четири породувања, а бебиња се родиле и на 31 декември во 21 и 23 часот.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со сопругата беше во посетата на првото родено бебе и мајката на гинеколошкото одделение во Клиничка болница.  Во има на општината градоначалникот на родилката Мевљуде Идризи и женското бебе им подари ваучер во висина од 40 илјади денари.

-Ноќеска, веднаш по пристигнувањето на Новата година, во градот Тетово се роди првото дете. Ова е најмладиот жител во овој град. Му посакуваме живот полн со здравје, среќа и бериќет. Нека расте и порасне, среќно дете, среќа да носи. Општина Тетово на новороденото дете, за среќен почеток на животот му подаривме ваучер, со желба Господ да му даде долг и среќен живот. Добредојде среќно детенце, изјави Биљал Касами.

Извор:МИА

Видео на денот