ПРВО АПСЕЊЕ ВО АВСТРИЈА ЗА ПУШЕЊЕ: Браќа запалиле цигари во угостителски објект, па морала да интервенира и полицијата

Во Австрија од 1 ноември на сила стапи забрана за пушење во сите угостителски објекти, а само неколку дена од примената на Законот е забележано првото апсење.

Австриската полиција во Виена, за време на викендот, уапсила браќа кои ја игнорирале забраната за пушење и запалиле цигари во еден угостителски објект.

Персоналот на локалот ги предупредило двајцата за забраната за пушење, но бидејќи тие не ги изгасиле цигарите, биле исфрлени од локалот.

Браќата не сакале да го прифатат исфрлањето, па го нападнале обезбедувањето заради што и била повикана полиција, која ги уапсила откако пружиле отпор, како и заради нанесување на повреди на полицајците.

Инаку Законот предвидува големи парични казни за непочитување на забраната за пушење. Кој го прекрши Законот прв пат, мора да плати казна до 100 евра, а ако се работи за лице кое повеќе пати ја крши забраната, му се заканува казна до 1.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот