Првите вакцини од Ковакс програмата во БиХ ќе стигнат следната недела

Првата достава на вакцини од програмата Ковакс во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти денеска Министерството за цивилни работи на БиХ.

Како што е наведено, 23.400 дози вакцина од компанијата „Фајзер/Бионтек” ќе пристигнат на 24 март, додека 24.000 дози разредувач ќе бидат доставени претходниот ден. Точното време на пристигнување на вакцината зависи од летот до Сараево.

Како што пренесуваат босанските медиуми, испораката на вакцини преку системот Ковакс се одвива бавно, поради што Федерацијата БиХ сè уште не добила ниту една доза од таа програма.
Властите на ентитетот во БиХ поради тоа се определија за директна набавка.
На 2 март, во Сараево, српскиот претседател Александар Вучиќ достави 10.000 вакцини од „АстраЗенека” на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот