Првите пратки со хуманитарна помош пристигнаа во Венецуела (ВИДЕО)

прва помош / Фото: Принтскрин

Меѓународната федерација на црвниот крст ги испрати првите пратки со хуманитарна помош во Венецуела, откако минатиот месец постигна договор со Владата на претседателот Николас Мадуро да достави помош.

Помошта вклучува лекови и други медицински производи, изјави владино официјално лице за Француската новинска агенција.

Со хуманитарната помош се очекува да им се помогне на 650.000 лица во Венецуела.

Обединетите нации (ОН) изјавија дека една четвртина од граѓаните во Венецуела итно имаат потреба од храна и медицинска помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот