Првите луѓе на „рускиот Фејсбук“ загинаа во страотна несреќа на Арктикот

Фото: Профимедиа

Неколку високопозиционирани директори на платформата за социјални мрежи наречена „руски Фејсбук“ загинаа во понеделникот откако нивното теренско амфибиско возило (АТВ) се преврте во дива река на Арктикот, пишува „Дејли мејл“.

Заменик-извршниот директор на „ВКонтакте“, Владимир Габриелјан (39) и директорот за набавки Сергеј Мерзљаков (44) загинале по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугријанец во автономната област Нењецк Аркангелск, во северна Русија.

Силната речна струја им го превртела возилото, го искршила од карпи и го однела низводно.

Двајцата мажи успеале да се ослободат од своето возило, но подлегнале на хипотермија поради влажната облека и температурите околу нула степени Целзиусови.

Спасувачите наредното утро ги пронашле нивните тела на брегот на реката.

Сопругата на Габриелјан, Елена и нивниот пријател Сергеј Олсевич, кој ги придружувале во другиот АТВ којшто исто така го превртела речната струја, за чудо преживеле откако пропешачеле околу 25 километри и стасале до колибата на одгледувач на ирваси и повикале помош.

Мултимилионерот Габриелјан и неговите пријатели го истражувале оддалечениот полуостров Канин во северна Русија во регионот Ненец во АТВ-возила на Шерп.

Кобната несреќа се случила околу 17 часот по локално време откако Габриелјан по грешка проценил дека возилата ќе можат да ја преминат реката и покрај силната струја.

Габриелјан преку радио врска ѝ рекол на екипата на другото АТВ-возило дека ќе може да го управува со возилото и им рекол на сопругата Елена и Олсевич да го следат, пред тој да се нурне во водата.

„Чекав на брегот, а по 10 минути ми јавија да ги следам“, рекол Олсевич по трагедијата за руските медиуми База. „Отидов со возилото до реката и лебдев зад нив по реката. Неколку минути подоцна, Владимир ми кажа дека реката е многу опасна и дека морам да бидам претпазлив“.

Силните речни струи ги превртеле двете возила АТВ, уништувајќи го сателитскиот телефон на Олсевич и поради што не можеле да повикаат помош.

„Јас и Елена излеговме, а сателитскиот телефон остана потопен. Радиото сè уште работеше, но никој не беше на дофат“, рекол Олсевич.

Олсевич и Елена се обиделе уште неколкупати да стигнат до Габриелјан и Мерзљаков преку радиото, но условите биле такви што не можеле да тргнат во потрага по нив.

Заробени на зафрлен полуостров, парот пешачел околу 25 километри по брегот додека не наишол на колиба за сточар, која ги засолнил во текот на ноќта додека Министерството за вонредни ситуации не испратило спасувачка екипа рано наутро.

Најблискиот хеликоптер за спасување се наоѓал во административниот центар на регионот Нарјан-Мар,  околу 400 километри од местото на несреќата, поради што операцијата за спасување морала да се одложи.

ВКонтакте или ВК – најголемата руска платформа за социјални медиуми слична на Фејсбук – вчера соопшти:

„Дознавме дека Владимир Габриелјан и Сергеј Мерзлјаков загинале во трагична несреќа. Тагуваме со нивното семејство, пријателите и саканите. Владимир и Сергеј засекогаш ќе останат дел од нашиот тим.“

Габриелјан бил во одборот на ВКонтакте (V Kontakte) од март и заменик-генерален директор од 2019 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот