Првите лиценцирани снукер тренери на Македонија

фото/фејсбук

Како што и се најавуваше претходно со практични проверки и тестирање за лиценцирањето на првите тројца Македонци кои ќе се лиценцираат за ЕБСА снукер тренери под раководство на Братислав Крстев, Асистент главен тренер на ЕБСА.

После спроведените практични проверки и тестирање од страна на Крстев, Снукер Асоцијацијата на Македонија ја информира јавноста дека со гордост ги претстави првите лиценцирани снукер тренери на Македонија.

Тие се Лазар Лазаревски, Петар Колоски и Павле Данилов.

– Голема благодарност до сите кои помогнаа во овој проект за доброто на снукерот на Македонија – информираат од Снукер Асоцијацијата на Македонија.

Воедно Асоцијацијата ги поканува сите заинтересирани в недела на индивидуални тренинзи со гостинот од Бугарија од 11.00 часот во „Гран Клуб“ – Скопје.

На истата локација во периодот од 15-17 ноември ќе се одржи вториот турнир на Националното првенство.

Да додадеме уште дека претходно се одржа обука и сертификација за снукер судии под раководство на овластен снукер инструктор од ЕБСА, Пролетина Величкова од Бугарија.

Ана Србиновска, Лазар Лазаревски и Александар Ставриќ се стекнаа со лиценца за меѓународни судии, додека Влатко Зарлинов и Марија Лебамова се здобија со лиценца за национални судии.

– Огромна благодарност за помошта и присуството на Десислава Божилова при обуката што за нас беше од непроценливо значење да имаме такви снукер судии кои се од светски ранг – велат од македонската снукер асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот