Првите фотографии од аеродромот сред ПУСТИНА: Од тука ќе се лета во вселена, а цена на картата е вистинска СИТНИЦА (ФОТО+ВИДЕО)
Кога богаташот Ричард Бренсон најавил дека со неговата компанија „Вирџин галактик“ ќе може да се патува во вселената, многу мислеа дека нема шанси тоа да се случи, но изгледа дека се приближуваме до остварување на оваа револуционерна идеја.
Компанијата открила како изгледа првата фаза од градењето на внатрешноста на идниот аеродром, прв таков во светот, сместен во пустина во Ново Мексико.
Unveiling our Gateway to Space at Spaceport America. This is the Gaia Lounge, the social hub where everyone is part of the Virgin Galactic family. https://t.co/YZeU5yas1Q pic.twitter.com/aECm3jQpDq
— Virgin Galactic (@virgingalactic) August 16, 2019
„Вирџин галактик“ покажал два големи делови од вселенското присталиште, оперативниот центар во кој се наоѓа контролата на летот, работното место на пилотот, центарот за известување и приземјето во кое ќе биде салата за патниците, пријателите, роднините и вработените во компанијата.
Некогашниот празен хангар во пустината, ќе ги поврзува патниците со секој аспект од операциите, вклучувајќи и поглед на хангарот и вселенските возила како и внатрешноста на контролата на летови.
Брендот на „Вирџин галактик“ е фокусиран на муштериите, па ниту аеродромот не е отстапка, бидејќи тие се подготвуваат за она што компанијата го нарекува како „неспоредливо искуство“ и патување од нивниот живот. Кога патниците ќе можат да се пријават на првите комерцијални летови уште не е одредено, бидејќи и понатаму е потребено помал број на пробни летови.
Милијардерот Ричард Бренсон, основачот на „Вирџин“ и бившиот гувернер на Ново Мексико, Бил Ричардсон, прв пат ги споменале плановите за вселенски аеродром пред скоро 15 години. Од тогаш постоеле одложувања на изградбата и пренасочување на буџетот за развој на вселенскиот брод „Вирџин галактик“, што донело до поголемо одложување од очекуваното, а се тоа застанало кога првото експериментално летало се распаднало на пробниот лет во 2014, при што загинал копилотот.
Додека критичарите велат дека проектот е безпотребен, тој наведува дека од почетокот се знаело дека тоа ќе биде тешко и понекогаш скапо.
„Вирџин галактик“ на почетокот на оваа недела објавиле на социјалните мрежи дека нивната главна оперативна база сега во вселенскиот аеродром, додека Бренсон истакнал дека е завршено крилото за нивната следна ракета.
Екипажот во следните денови ќе ги симулираат мисиите за да се осигураат дека се ќе иде по план. Како што се наведува, до сега околу 600 луѓе ги резервирале своите карти за единствено патување, по цена од 250.000 долари.