Првите берби стигнаа на зелените пазари: Кочанскиот домат – 150 денари за килограм

Цената на кочанските домати на зелените пазари е 150 денари за еден килограм. Продавачите на зелените пазари велат дека набавната цена е висока затоа што ова се првите домати што излегуваат од нашите оранжерии.

– Многумина велат дека продаваат домашен домат, ама не е така. Неодамна излегоа првите домати од оранжериите од Кочани, а првата берба секогаш е најскапа, иако вкусот станува се подобар со секоја наредна берба. За неделава ги очекуваме доматите од оранжериите во Гевгелија – вели еден од продавачите на скопскиот Зелен пазар.

Увезени домати, пак, може да се купат по 60 денари за еден килограм. Ниска е цената и на увезените краставици, и таа на пазарите е 40 денари за килограм, а првите скромни количини на домашни краставици не можат да се најдат по цена пониска од 70 денари.

Зелените пазари веќе се преполни и со младите кромидчиња и лукчиња и тие се продаваат по 10 до 15 денари за врзол.

На пазарите цела зима можеа да се купат пиперки и тоа од секаков вид-црвени, зелени, чили, „бабури“ со цени над 200 денари, а сега веќе зелените оранжериски пиперки се продаваат по 160 денари за еден килограм, а парче лута пиперка има и по 7 денари.

Младата зелка се продава по 40 до 50 денари за еден килограм, а зелените салати ги има по цени од 20 до 30 денари за парче.

Забележливо е посакпувањето на овошјето на зелените пазари. Јаболката се продават по 35 до 40 денари за еден килограм, портокалите по 40 денари, а штотуку пристигнатите јагоди се со цени околу 150 денари за едно пакување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот