Првиот тренинг на Меси и Барса после скоро два месеци (ВИДЕО)

фото: твитер

Се очекува дека натпреварите од најсилното шпанско првенство ќе продолжат во јуни..

Фудбалерите на Барселона предводени од најдобриот играч Лионел Меси денеска им се вратија на тренинзите…

Како што и беше најавено од клубот, прво ќе бидат направени лекарските тестови со цел да се почитуваат потребните мерки, препораки пред евентуално да продолжи сезоната во „Ла Лига“.
Се очекува дека натпреварите од најсилното шпанско првенство ќе продолжат во јуни..Во меѓувреме погледнете како помина првиот тренинг на каталонската екипа после скоро два месеци.

И фудбалерите се свесни дека ќе биде потребно време за да се дојде до потребната натпреварувачка форма. Воедно според експертите се ризикуваат голем број на повреди кај играчите поради принудната пауза.

До прекинот на сезоната во шампионатот водеше Барса во генералниот пласман со 58 бодови, два повеќе од Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот