ВИДЕО | Првиот трејлер за документарецот за Хари и Меган: Никој не гледа што се случува зад затворени врати

Фото: Скриншот/Јутјуб

Филмската платформа Нетфликс конечно го објави првиот трејлер за долгонајавуваниот документарец за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Трејлерот започнува со прашањето: „Зошто сакаше да го направиш овој документарец?“, по што следуваат неколку црно-бели фотографии од приватниот албум на познатата двојка, пред Хари да одговори: „Никој не гледа што се случува зад затворени врати“.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Од едноминутниот трејлер, добиваме впечаток дека Меган Маркл не била среќна во британското кралско семејство.

„Направив сѐ што можев за да го заштитам сопственото семејство“, вели принцот Хари.

Фото: Скриншот/Јутјуб

На крајот Меган вели: „Кога влогот е толку голем, нели е подобро да ја слушнете нашата приказна од нас лично?“.

Нетфликс сѐ уште го нема соопштено точниот датум на премиерата на „Harry & Meghan“, документарецот за кој се очекува дека ќе открие голем број детали за љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркл, но и за нивниот однос со британското кралско семејство.

Меган Маркл искрено проговори за шокантната ситуација од кралската турнеја: Изби пожар во собата на Арчи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот