Првиот сопруг на Брижит Макрон бил погребан во најстрога тајност: Својата анонимност ја ценеше повеќе од сè

Фото: Инстаграм

Андре Луис Озиер, првиот сопруг на првата дама на Франција Брижит Макрон, кој ги изгуби сите траги по разводот, починал во декември минатата година, открива нивната ќерка Тифен Озиер во колумна на „Paris Match“.

Андре Луис Озиер и Брижит Макрон се венчале во 1974 година, тие добиле три деца Себастијан, Лоренс и Тифен. По години семејна среќа, бракот влегол во бурен период откако Брижит, тогашна наставничка по книжевност се запознала со ученикот Емануел Макрон.

Брижит со својот ученик Емануел / Instagram

Брижит со нејзиниот ученик многу разговарала за литературата и театарот, а во 1994 година, младиот Макрон ѝ признал на својата учителка како се чувствува кон неа.

Иако чувствата биле меѓусебни, Брижит сепак имала семејство од кое не сакала да се откаже, па својата врска со Макрон ја држала во тајност.

Instagram

Крај на бракот ставил токму покојниот Андре, тој поднел барање за развод, кој не поминал толку лесно и се завршил дури во 2006 година. Следната година, Брижит се омажила со Емануел Макрон.

По разводот со Брижит, Андре се одлучил за целосна анонимност. Пред претседателските избори во 2017 година, голем број новинари се обидувале да најдат каква било трага за банкарот, но никој не успеал во тоа.

Instagram

Дури и веста за неговата смрт се чувала во тајност долго време, сè до вчера, 8-ми октомври, кога неговата најмлада ќерка Тифен во колумна во „Paris Match“ открила дека првиот сопруг на првата дама на Франција починал кон крајот на минатата година.

Instagram

Татко ми е мртов. Го закопавме во најстрога тајност на 24 декември. Го обожавав, тој беше посебно суштество, неконформист кој ја ценеше својата анонимност повеќе од сè. Тоа мора да се почитува“, изјавила Тифен.

Instagram

Според списанието „Closer“, поранешниот сопруг на првата дама на Франција бил погребан на гробиштата „Père-Lachaise“ во Париз, познати како вечно почивалиште на Џим Морисон и Оскар Вајлд.

Човекот кој толку ја ценел анонимноста, го пронашол својот „вечен дом“ во друштво на многу познати личности вклучувајќи ги Марсел Пруст, Оноре де Балзак, Фредерик Шопен (неговото срце било погребено во Варшава), Едит Пјаф и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот