Првиот случај на африканска свинска чума е пријавен во Словенија

Дива свиња/илустрација Фото: Архива

Во неделата ловците пронајдоа мртва дива свиња во областа на општина Рибница на Марибор, Словенија, за што беше известена Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата поради сомневање дека се работи за африканска свинска чума, пренесува РТС.

На почетокот на оваа година, Словенија прогласи висок степен на загрозеност од таа болест со Законот за мерки за сузбивање на африканската свинска треска, забранувајќи, меѓу другото, прием или транспорт на диви свињи на други локации.

Во почетокот на август оваа година, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) започна кампања во 18 европски земји за борба против ширењето на африканската свинска чума, која е веќе присутна во неколку земји.

Кампањата е особено наменета за одгледувачи на свињи и оние кои се во контакт со домашни и диви животни.

Кампањата се одржува во Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Хрватска, Северна Македонија, Србија, Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка.

Извор: РТС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот