Првиот овогодишен брод за крстарење пристигна во Риека

Архива на СП

Во понеделникот во пристаништето Риека заплови годинешното прво крстарење „Норвежн Гем“ со речиси 3.500 патници и членови на екипажот, следниот се очекува на 14 мај, а туристичкиот одбор на градот Риека очекува одлична сезона на крстарење оваа година.

Туристичкиот одбор на градот Риека, Градот Риека и Туристичкиот одбор на Кварнер, заедно со Капетанијата на пристаништата во Риека, организираа пригодна програма и информативни брошури за гостите од бродот за крстарење. Посочуваат дека дел од гостите одлучуваат да одат на некоја од организираните екскурзии, но повеќето остануваат на дестинацијата.

За време на минатогодишната туристичка сезона, пристаништето во Риека пречека речиси 40.000 патници од бродови за крстарење, пренесува Н1 Инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот