Првиот македонски филмски мјузикл „Црно-бело“ премиерно во МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде премиерно прикажан првиот македонски краткометражен филмски мјузикл „Црно-бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот ја следи приказната на Јована, млада жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите со цел да биде прифатена и признаена. Но, и покрај својата посветеност и напорна работа, Јована е непочитувана и неценета од нејзините соработници и таа на тоа се спротиставува преку музиката и танцот. Нејзината борба за почит и признание штетно влијае и врз односот со нејзината ќерка.

Улогата на Јована ја глуми познатата актерка Јелена Јованова. Покрај Јованова во филмот глумат и Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симонивиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски, Ангелина Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5 плус фамилија“.

Филмот е дипломски труд на Ѓоргиева која е студент на Катедрата за филска и ТВ монтажа во класата на професор м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, копродукција „Мунлајт“ и со поддршка од Агенцијата за филм.

Сценариото, режијата и монатажа се на Ѓоргиева, додека директор на фотографија е Дарко Елек. Кореографијата е на Ирена Лозинска, композитор е Филип Стевановски, а музички текстописец Тамара Котевска. Тонската обработка е на Сашко Потер Мицевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот