Првиот ЛГБТИ хотел во Куба повторно ги отвори вратите за туристите

ЛГБТИ Куба
ЛГБТИ хотелот во Куба/ Фото Yamil Lage/Afp/Profimedia

Хотелот „Gran Muthu Rainbow“ во Куба повторно ги отвори вратите откако беше затворен поради пандемија. Хотелот со пет ѕвезди е првиот „ЛГБТИ-френдли“ хотел во оваа карипска земја, а гостите се првенствено странци, пренесува Франс24.

Куба сака да привлече секаков вид туристи, а сопствениците на овој хотел се надеваат дека го отвориле патот за заемно задоволство, како за нив, така и за гостите.

По десет месеци Куба ги отвори границите за странските посетители.

Меѓу првите туристи кои пристигнале во хотелот биле гостите од Канада, кои овој хотел го сметаат за голема предност.

„Хотелот е феноменален. Ова е одличен додаток на Карибите, особено на Куба“, изјави Канаѓанецот Ерик Хилер.

Неговиот сограѓанин Кевин Мекграт се надева дека хотелот ќе придонесе во борбата на ЛГБТИ заедницата во Куба за нивните права. „Ова е навистина одлична работа и се надевам дека ќе ја инспирира владата да направи позитивни промени за ЛГБТИ заедницата, за нивните права, како и други позитивни промени на островот“, вели задоволен гостин на хотелот.

Кубанците се надеваат дека нивниот парламент ќе го преиспита референдумот за законитоста на истополовите бракови до крајот на годината. Доколку Собранието го одобри барањето, граѓаните би можеле да излезат на референдум во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот