Првиот квартал донесе поволни резултати за Фершпед АД Скопје

Фершпед АД Скопје за период Јануари-Март 2019 година оствари позитивни финансиски резултати. Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2019 година изнесува 19.185 илјади денари.

Остварените вкупни приходи за период Јануари-Март 2019 година изнесуваат 798.893 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2018 година бележат пад од 1%.

Оперативните приходи изнесуваат 797.815 илјади денари и истите бележат пад од 1% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2018 година.

Финансиските приходи бележат раст во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период Јануари-Март 2019 година се во износ од 780.528 илјади денари и истите имаат незабележителен пад во однос на вкупните расходи за истиот период 2018 година.

Оперативните расходи за период Јануари-Март 2019 година изнесуваат 778.630 илјади денари и истите се на исто ниво во однос на истиот период во 2018 година.

Финансиските расходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 15.435 илјади денари, и истата е намалена во однос на истиот период од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот