Првиот голман на Ајакс суспендиран на една година поради допинг!

Андре Онана од Ајакс пред трансфер во милански Интер/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis/POOL

Холандија деновиве ја тресе фудбалски скандал, дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот го суспендираше 24-годишниот голман на Ајакс, Андре Онана.

На овој чувар на мрежата му е забрането да игра фудбал една година, а како причина за суспензијата на Камерунецот се наведува допинг. Со оваа одлука, водечкиот во најсилната холандска лига се наоѓа во голем проблем.

Како што понатаму се наведува, за време на рутинскиот преглед – примерок од урина, во телото на Онанa е откриено присуство на забранета супстанца фуросемид, што подразбира автоматска забрана за играње.

Казната се однесува не само на официјалните натпревари на клубот, туку и на репрезентацијата, а во следните 12 месеци на Онана ќе му биде забрането и да тренира.

Во обид да застане во одбрана на Онана, Ајакс изјави дека неговиот голман не се чувствувал добро на 30 октомври и дека сакаше да го реши проблемот со земање на апчиња. Несвесно, додаде Холанѓанецот, пиел ласимак, лек кој бил препишан за сопругата на Андре, а во кој имало фуросемид.

УЕФА е немилосрдна, велејќи дека спортистот е должен постојано да води сметка за недозволените супстанции да не завршат во неговиот организам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот