Првиот електричен Volvo пристигнува на 16 октомври – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Првиот електричен Volvo пристигнува на 16 октомври

Volvo за прв пат ќе претстави еден целосно електричен модел – SUV XC40 на струја.

За време на развојот на моделот на струја, шведскиот производител се соочи со бројни проблеми, а безбедноста е еден од најголемите. Сепак, како што тврдат од Volvo, на тој фронт не се направени никакви компромиси.

– Без оглед на што ќе се придвижува возилото, дали електромотор или мотор со внатрешно согорување, Volvo мора да биде безбеден. А целосно електричниот XC40 ќе биде еден од најбезбедните автомобили кои досега ги имаме направено – рече шефот на Volvo задолжен за безбедност, Малин Екхолм.

– Основите за безбедност за овој автомобил се исти како и кај било кој друг модел на Volvo. Внатре се луѓе, а автомобилот мора да биде конструиран така да биде безбеден за нив – додава тој.

Во случај на незгода, патниците ќе ги заштитува новата безбедносна структура која ја разви компанијата. Со поставувањето на батеријата во подот, заштитена со рамка, таа ќе остане недопрена.

Електричниот XC40 ќе има исто така технологија за автономно возење, благодарејќи на новиот систем Advanced Driver Assistance Systems (ADAS). ADAS e развиен во компанијата Zenuity, која ја поседува и Volvo, a вклучува неколку радари, камери и ултразвучни сензори.

Премиерата на електричниот XC40 ќе се случи на 16. октомври, а во меѓувреме очекуваме повеќе детали за ова возило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close