Првиот дипломат од Хондурас замина за Кина за да воспостави дипломатски односи

Министерот за надворешни работи на Хондурас Енрике Рејна замина за Кина со цел да воспостави дипломатски односи со Пекинг. Информацијата за посетата ја потврдија два изворa блиски до претседателскиот кабинет.

„Министерот отпатува таму . . . по инструкции на претседателката Сиомара Кастро“, изјави за локалниот дневен весник Родолфо Пастор, кој е со министерска функција во Кабинетот на претседателката и е задолжен за односите на владата со шефот на државата.

На 14 март оваа централноамериканска земја преку претседателката објави дека ќе воспостави формални односи со Народна Република Кина. Одлуката веднаш беше поздравена од Пекинг, но ги загрозува врските на Хондурас со Тајван.

Централна Америка е арена на дипломатско ривалство меѓу Пекинг и Тајпеј од крајот на кинеската граѓанска војна во 1949 година.

Во изминатите години, Никарагва, Ел Салвадор, Панама, Доминиканската Република и Костарика прекинаа дипломатски односи со Тајван во корист на Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот