Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис е позитивен на коронавирус

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Аурелио де Лаурентис е позитивен на коронавирус, потврди италијанскиот тим со што се зголеми паниката во Серија А.

Челниците на екипите во Серија А се во паника бидејќи вчера беше одржан состанок во пресрет на стартот на новата сезона, а веднаш по средбата се појави информација дека еден од сопствениците или директорите на екипите е позитивен на коронавирус.
Денеска е потврден идентитетот на лицето кое е позитивно на ковид-19, тоа е челникот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

„Наполи објавува дека Аурелио дe Лаурентис е позитивен на Ковид-19 по тестирањата направени во текот на вчерашниот ден“, стои во сооштението на Наполи.


Сега покрај Де Лаурентис во карантин и самоизолација ќе мора да одат и останатите челниците на екипите од Серија А, барем додека не пристигнат нивните резултати од тестовите, а италијанските медиуми објавија дека првиот човек на Наполи несериозно се однесувал на состанокот.

Додека зборувал со своите колеги, маската не била прописно носена, додека симптомите кои ги имал неколку дена, Де Лаурентис ги припишал на алергиска реакција поради морска храна.

Новата сезона во Серија А треба да започне на 19. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот