Првиот човек на мак-кошарката, Антиќ: Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ

Претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се надоврза на критиките од селекторот Драган Бајиќ кон Ненад Димитријевиќ кој повторно ја одби можноста да игра за репрезентацијата.

Димитријевиќ играше во претходниот квалификациски циклус, но на почетокот од овој ќе го нема во составот на Бајиќ.

– Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него.

Зборувавме со ФИБА, имаме дисциплински правилни и ќе постапуваме според него. Сакам да му посакам многу среќа на селекторот и на неговиот тим, со позитивната атмосфера што ја имаат бидејќи ја знаеме нивната цел – рече Антиќ.

Нашата сениорска селекција се подготвува за мундијалските претквалификации каде што противници ни се Швајцарија и Словачка.

Мечевите за пласман во главниот дел од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година, Македонија ќе ги игра на свој терен во Скопје. А ФИБА одлучи мечевите во салата на СЦ „Јане Сандански“ ќе се играат со почеток од 19.00 часот.

Бајиќ: Димитријевиќ нека им објасни на Пандев и Лазаров зошто не игра за репрезентацијата

Според претходно одредениот календар, претквалификациите ќе ги стартуваме на 12. август, против селекцијата на Швајцарија. Два дена подоцна, на 14 август, сениорите ќе ги одмерат силите и со Словачка.

На 16 август ќе го играме вториот натпревар против Швајцарците а на 18 август, турнирот го затвораме со Словаците. Првопласираните две селекции од групата „Ф“ ќе се пласираат во квалификацискиот сегмент за Мундобаскетот во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот