Првиот човек на „Ла Лига“, Тебас: Ги преживеавме Роналдо и Нејмар, можеме и без Меси

Лионел Меси (Барса) и Серхио Рамос (Реал Мадрид) беа лути ривали, а сега се соиграчи во редовите на ПСЖ/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Хавиер Тебас, првиот човек на шпанската „Ла Лига3, смета дека Манчестер Сити не може да го привлече Лионел Меси во своите редови без „финансиски допинг“.

Аргентинецот е слободен играч од 1 јули, а веќе подолго време траат шпекулациите каде тој би можел да ја продолжи кариерата. Иако се чини дека е сè уште најблиску до останување во Барселона, Манчестер сити и ПСЖ најмногу се одвојуваат како можни дестинации, како единствени финансиски способни да ги испратат финансиските побарувања на Аргентинецот.

– Во овој момент е невозможно Меси да потпише договор под истите услови што ги имаше во Барселона. Тоа важи и за Сити. Изминатата година изгубија 270 милиони евра, па не можеа ни да размислат да го купат. Единствениот начин е вештачко пумпање пари, односно финансиски допинг. И тоа е нешто што ќе му нанесе голема штета на фудбалот – рече Тебас.

Првиот човек на најдобрата шпанска лига се надева дека Меси нема да ја напушти Барселона, единствениот клуб за кој играл во својата професионална кариера.

На Гризман му е отворена вратата да си замине од Барселона

– Мислам дека во овој момент е поблиску до останување во Барселона отколку до преселба во друг клуб. Секако, доколку тој одлучи да си замине, тоа ќе биде голем удар за нашата лига. Но, ние ќе продолжиме да работиме како порано. Ги преживеавме заминувањата на Нејмар и Роналдо, така ќе биде и со Меси доколку ја напушти Шпанија – додаде Тебас.

Нејмар исто така настапуваше за каталонскиот клуб, а Роналдо во редовите на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот