Првиот човек на Ла Лига реагира: Тој суд има донесено многу смешни одлуки

Првиот човек на Ла Лига повторно го нападна ПСЖ кого го смета за непријател на фудбалот/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Хавиер Тебас, првиот  човек на Ла Лига не се согласува со одлуката на судот во Мадрид кој и наложи на УЕФА да ги повлече казните изречени на клубовите кои сакаа да ја формираат европската Суперлига.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус преку заедничко соопштение ја поздравија одлуката на судот во Мадрид донесена по жалбата на УЕФА во која се наведува дека Европската фудбалска федерација не може да ги казнува екипите кои се обидоа да ја формираат Суперлигата.

Трите клуба порачаа дека ќе останат на својата одлука да ја формираат Лигата на богатите и очекуваат Судот на правдата во Луксембург да и забрани на УЕФА да држи монопол над европскиот фудбал.

– Го прочитав соопштението на клубовите, но не и пресудата која ја донесе судот. Пред се, постапката по жалбата ја водеше истиот судија кој ја донесе првата одлука така што беше за очекување дека и сега ќе пресуди исто. Доколку еднаш зазел став по тоа прашање, јасно беше дека нема да го промени. Би било смешно сега да се премислуваме, зарем не? Кога веќе зборуваме за смешните одлуки, ми се чини дека ги има многу во тој суд – вели Тебас.

Иако УЕФА се закани дека ќе ги суспендира Реал Мадрид, Јувентус и Барселона од Лигата на шампиони, европската куќа на фудбалот ретерираше од својот став.
– Ајде да видиме како се прават овие соопштенија. Зборуваат дека е потребно да се  разговара со лигите, со УЕФА, со ФИФА и како ќе го подобрат светот работејќи заедно. Се сеќавам на зборовите на Флорентино Перез кога ни порача да не се грижиме и дека тие никогаш не би организирале нешто што би ги уништило лигите. Сега барем прават добар чекор во таа насока – додава Тебас.

Суперлигата ја победи УЕФА, сепак во блиска иднина ќе има Лига на богатите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот