Првиот човек на иранското МНР: Нуклеарниот договор не е мртов

САД ги немаат исполнето постоечките обврски. Тие се повлекоа и го прекршија. Да имам договор составен од Трамп, колку долго би траел? истакна Зариф на безбедносната конференција во Њу Делхи.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф порача денеска дека постоечкиот нуклеарен договор не е мртов, додавајќи дека не е сигурен оти некој нов договор на американскиот претседател Доналд Трамп би траел подолго.

– САД ги немаат исполнето постоечките обврски. Тие се повлекоа и го прекршија. Да имам договор составен од Трамп, колку долго би траел? истакна Зариф на безбедносната конференција во Њу Делхи.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го повика Трамп да го замени иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со нов, сопствен документ, со цел да гарантира дека Техеран нема да произведе нуклеарно оружје.

Американскиот претседател потоа објави на Твитер дека се согласува со Џонсон оти е потребен „Трампов договор”.

– Иран го интересира дипломатија, но не и преговори со САД, додаде Зариф, истакнувајќи дека постоечкиот договор е „меѓу најдобрите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот