Првиот човек на ИОК импресиониран од Игрите во Токио

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Олимписките игри во Токио се многу поразлични од сите досега одржани, пандемијата на коронавирусот ги одложи за една година, а спортистите мора да се борат за спортската и олимписката слава пред празни трибини.

Сепак, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах е воодушевен од досегашниот тек на Игрите во Токио.

Не сакам никого да издвојувам, тоа нема да биде фер. Тоа што остави посебен впечаток на мене се емоциите. И покрај тоа што нема публика, емоциите на спортистите се силни. Бев во посета на олимпиското село пред Игрите и почувстував дека спортистите се среќни бидејќи конечно добија можност да се натпреваруваат. На секој чекор се чувствува експлозија од емоции, на радост, но има чувство и на олеснување. На Олимписките игри владее чувство на скромност бидејќи сите знаат дека се дел од нешто поголемо од нив самите – изјави Бах во интервјуто за „Евроспорт“.

Првиот човек на ИОК открива и кои беа најголемите предизвици кога станува збор за организацијата на Игрите во Токио.
– Би рекол дека тоа е стекнувањето доверба кај луѓето дека и можно да се организираат Игрите на безбеден начин. Не беше лесно и овој процес ни задаваше главоболки. Пандемијата не се ширеше исто во сите 205 национални олимписки комитети, така што не можевме да се фокусираме само на случувањата во Јапонија, туку моравме да ја следиме ситуацијата во сите држави во светот. Постојано проверувавме дали спортистите ќе можат да учествуваат, дали имаат услови за тренинзи и дали можат да се подготват за Игрите. Доколку ги земеме во предвид и големите ограничувања при патувањата, предизвик за самите спортисти беше и учеството на квалификациските турнири – вели Бах ветува дека следните ОИ во Париз 2024 година ќе бидат поинакви.

Игрите во Париз 2024 година ќе бидат први по реформите на ИОК. Сите ќе имаат можност да видат како целата држава учествува во организацијата. Ќе ги преселиме Игрите во центарот на Париз, со Триумфалната порта, плоштадот Конкорд, Ајфеловата кула…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот