Институт за статистика „Истат“: Бројот на смртни случаи во Италија оваа година ќе биде како во Втората светска војна

Фото: theitaliantimes.it

Претседателот на италијанскиот Институт за статистика „Истат“, Карло Блањардо проценува дека оваа година во земјата ќе има околу 700.000 починати, што е за, речиси, 100.000 повеќе од лани

– Тоа е како бројот на жртви во војната. Во Италија последен пат беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година, изјави Блањардо за телевизијата РАИ.

Весникот „Ил Фато Котидијано” коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за коронавирусот, како што е на пример „војна против пандемијата” и слично.

Претседателот на локалниот огранок на моќната „Конфиндустрија Мачерата“, Доменико Гузини,  зборувајќи за жртвите на ковид-19, рече: „ако некој умре (од ковид), се плашиме, а значењето е „па што”.

Неговите зборови предизвикаа вистинска бура на негодување, осуда и саркастични коментари на социјалните мрежи, а видеото каде зборува Гузини се шири на социјалните мрежи.

Неговото извинување не беше доволно за да се смири скандалот, па „Конфиндустрија“ официјално ја започна постапката за утврдување дали Гузини, како нејзин член, ги прекршил етичките и морални правила на Федерацијата.

Претседателот на територијалната асоцијација „Мачерата“, здружение што ги собира и претставува сите компании на одредена територија, рече дека „ваквите нехумани зборови не може да ги толерира ниту на некој хејтер на социјалните мрежи, а камоли од некој што е член на ваква реномирана организација”.

„Конфиндустрија Мачерата“ ја затвори својата страница на Фејсбук поради големиот број на коментари и вербални напади од револтирани граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот