Првиот човек на Инстаграм ќе ви објасни зошто одредени содржини се покажуваат почесто од другите: Искористете ги овие совети

Instagram
Instagram

Адам Мосери, првиот човек на „Инстаграм“, одлучил малку да им објасни на корисниците како работи оваа социјална мрежа, а на тој начин сите заинтересирани конечно да добијат одговор на прашањето: Зошто некоја содржина ви се покажува почесто од другите објави – содржини на социјалната мрежа?

Мосери објаснил дека тоа зависи од голем број сигнали, процеси и алгоритми за да се овозможи на секој корисник уникатно и персонализирано искуство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Mosseri 🌈 (@mosseri)


Прво, како што наведува, се гледа популарноста на објавата, односно на колку луѓе им се допаднала. Исто така, постојат важни информации за содржината на објавата: кога е објавена, на која локација и која е должината на објавата, ако станува збор за видео.

Вториот сигнал покажува колку е важна за вас личноста што објавила нешто на социјалната мрежа. Разгледува информации за тоа колку интеракција сте имале со таа личност во последно време. Времетраењето на интеракцијата со одредена личност покажува колку сте заинтересирани за нејзините објави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Mosseri 🌈 (@mosseri)


Вашата активност е исто така важна. Води евиденција за тоа колку објави ви се допаднале и на чии објави почесто сте активни со коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam Mosseri 🌈 (@mosseri)

Врз основа на овие сигнали, наведува Мосери, „Инстаграм“ прави претпоставки за тоа колку ќе ви биде интересен одреден пост и дали ќе реагирате на истиот. Накратко, секоја активност дека објавата ви се допаѓа, секоја оставен коментар или споделување прави таа објава или воопшто објавите од тој корисник да се повирални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот