Првиот човек на француското МНР тврди: Иран наскоро би можеле да имаат нуклеарно оружје

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан/ Фото: МИА

„Ако продолжат со кршење на Виенскиот договор, тогаш во многу краток рок, меѓу една и две години, би можеле да имаат пристап до нуклеарно оружје, што не е прифатлива опција“, истакна Ле Дриан.

Иран би можел да има нуклеарно оружје за една до две години доколку земјата продолжи да не го почитува нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан.

– Ако продолжат со кршење на Виенскиот договор, тогаш во многу краток рок, меѓу една и две години, би можеле да имаат пристап до нуклеарно оружје, што не е прифатлива опција – истакна Ле Дриан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат денеска итен состанок, на кој ќе бараат начин да се прекине судирот меѓу САД и Иран.

Погрешната проценка на која било страна би можела да доведе Брисел да се соочи со војна и сериозна нуклеарна криза на својот праг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот