Првиот човек на „црвено-црните“ Михајло Михајловски потврди: Вардар ќе го уплати депозитот и ќе игра во ЛШ

Михајловски се раздели во Вујовиќ по серијата слаби резултати на Вардар/ Фото: слободен печат

 Првиот човек на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, ни изјави дека клубот ќе го уплати бараниот депозит од еден милион евра во ЕХФ. Тоа беше услов поставен од ЕХФ за Вардар да може да настапи во Лигата на шпампионите идната сезона. Депозитот ќе биде уплатен до 27 јули, односно до истекот на крајниот рок даден од ЕХФ.

Првиот човек на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, вчера кратко не информира дека клубот ќе го уплати депозитот од еден милион евра до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и дека со тоа „црвено-црните“ ќе можат да играат во Лигата на шампионите идната сезона.

Крајниот рок за плаќање на овој депозит од Вардар до ЕХФ е 27 јули и до тој датум македонскиот клуб ќе мора да ги уплати бараните пари. ЕХФ побара од Вардар депозит од еден милион евра. Депозитот е со цел ЕХФ да има парична гаранција дека ќе бидат подмирени долговите што Вардар ги имаше кон некои ракометари како неисплатени обврски од времето кога сопственик беше Сергеј Самсоненко.    

Беше објавено дека депозитот треба да биде уплатен во ЕХФ во две рати. Првата рата требаше да биде уплатена до завчера, а втората до 27 јули. Според Михајловски рокот, што се однесува до првата рата, е пролонгиран, а целата сума ќе биде исплатена до крајниот рок, односно 27 јули, со што ќе се овозможи Вардар да игра во ЛШ идната сезона.

– Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона – кратко ни одговори Михајловски на прашањето дали Вардар има намера да го плати бараниот депозит.

Во моментот кога беше објавена вестa за барањето депозит (кон крајот на минатиот месец), Вардар реагираше дека тоа нема правна основа и дека ќе реагира до ЕХФ оваа одлука да биде сменета и клубот да не мора да ја уплати високата сума. Но, барањето на ЕХФ беше јасно и дури беше одредена замена за Врадар во случај  да не плати, а тоа е словенечкиот клуб Горење Велење.

Ако Вардар го плати депозитот во дадениот рок, како што ни најави Михајловски, ќе учествува во Лигата на шпампионите 2021/2022 како единствен претставник од Македoнија. Ждрепката го постави македонскиот клуб во групата А, каде најзвучно име е германскиот гигант Кил, а тука се и финалистот од последното издание на ЛШ Алборг како и Пик Сегед, Монпеље, Мешков Брест,  ППД Загреб и Елверум. Оваа група е оценета како полесна во однос на групата Б во која се ПСЖ, Барселона, Веспрем, Киелце, Фленсбург, Динамо Букурешт, Порто и Мотор Запорожје.

Црвено-црните“ првиот натпревар во новата сезона треба да го играат на 15 или 16 септември на гости кај Елверум. Најголемиот фаворит за првото место во групата, германскиот Кил во шестото коло ќе гостува во Скопје, а наптреварот треба да се игра на 27/28 октомври. Групната фаза за Вардар ќе заврши со домашниот меч со Елверум на 9/10 март идната година.

Сезонава Ваrдар ќе биде предводен од нов тренер, Веселин Вујовиќ. Поготовките за новата сезона треба да започнат денеска. Во рамки на подготовките се учества на два турнира, во Струга и Хумел купот во Магдебург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот