Првиот број од стрипот Супермен продаден за 3,25 милиони долари

Фото: Профимедиа

Првиот број од стрипот Супермен, кој е објавен во јуни 1938 година и кој чинел 10 центи е продаден за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума некогаш платена за еден стрип.

Супермен е испечатен во повеќе стотици илјади примероци, а се смета дека до денес се сочувани околу 100 примероци од овој прв број.

„Примерокот кој е продаден своевремено е пронајден меѓу мноштвото филмски магазини од триесеттите години од минатиот век и беше совршено сочуван“, изјави ко-сопственикот на австрискиот сајт „ComicConnect.com“, Винсент Зурзоло, пренесува Би-Би-Си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blue Chip Comics (@thebluechipcomic)


Продавачот на стрипот заработил милион долари, бидејќи пред три години го купил за 2,25 милиони.

Највисоката цена за еден стрип досега е постигната во 2014 година, кога исто така првиот број на Супермен бил продаден на „eBay“ за 3,2 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот